Соопштение од Светската антидопинг агенција WADA

Светската антидопинг агенција WADA излезе со соопштение во однос на моменталната ситуација со коронавирусот со што направи дополнителни ажурирања и одговори на сите прашања на спортистите во однос на протоколот на тестирање. https://www.wada-ama.org/en/covid-19-updates

Најнова вест!!!

Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет,господинот Томас Бах и Премиерот на Јапонија,господинот Шинзо Абе денес преку конференциска врска имаа заедничка конференција. Тие заедно донесоа одлука Олимписките игри во Токио 2020 да бидат одложени за наредната година но не покасно од летото 2021. Во продолжение го имате заедничкото соопштение: https://www.olympic.org/news/joint-statement-from-the-international-olympic-committee-and-the-tokyo-2020-organising-committee

Известување!

Поради препораките на Министерството за здравство и Владата, со што сите базени во Македонија се затворени,Националната пливачка федерација после консултација со Управниот одбор, Одборите за пливање и далечинско пливање одлучи да ги откаже сите натпревари кои според календарот на натпревари треба да се одржат до 01.06.2020. За сите промени кои произлегуваат

Презакажано Европско првенство во пливање

Европската пливачка федерација Лен,поради ситуацијата со коронавирусот претстојното Европско првенство во пливање кое требаше да се одржи во Будимпешта од 11-22.05.2020 го презакажа за 17-30.08.2020 но сепак во известувањето до Националните федерации стои препорака доколку состојбата до тогаш не се стави под контрола истото да биде презакажано за 2021 година. http://www2.len.eu/?p=16664

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

На својата 15 седница одржана на 10.03.2020,Владата донесе одлука со кој се забранува користење на секаков тип на пливачки базени на територијата на Македонија која ќе трае 14 дена од нејзиното донесување. Оваа одлука е според препораките на Министерството за здравство и поради новонастанатата ситуација со коронавирусот.

Известување

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство за ограничување и одложување на сите масовни собири и неможејќи да ги организираме натпреварите без публика,Националната пливачка федерација донесе одлука: Меѓународниот пливачки митинг "Нептун Куп" во организација на ПК Нептун и Меѓународниот пливачки митинг "Гранд при Македонија" во организација на Националната пливачка федерација да

Првиот “Нептун Куп”

Овој викенд 29.02-01.03.2020 во организација на ПК Нептун од Скопје ќе се одржи првиот "Нептун Куп" на базенот Борис Трајковски. Во Сабота натпреварите започнуваат во 17:00 додека во Недела започнуваат во 09:00 Во продолжение имате линк за следење на резултати во живо и пропозиции на митингот. https://plivanje.info/data/Rezultati/2020/MKD/Neptun_kup_2020_MKD/index.html Neptun_kup_2020_MKD

Евгениј Поп Ацев го зазема 57 место на првата трка од ФИНА Светската ЦНСГ серија

На првата трка од ФИНА Светската ЦНСГ серија на маратони од 10Км кој се одржа во Доха,Катар на 15.02.2020 нашиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема 57 место со 1:38:60 заостанување зад победникот Марк Антони Оливие од Франција во машка конкуренција,кај жените победи Леоине Бек од Германија. На маратонот учество земаа

Меѓународен пливачки митинг “Дубочица Опен”

На Меѓународниот пливачки митинг "Дубочица Опен" поставени се два нови Државни рекорди на Македонија. Пливачката на П.В.К Орион од Скопје,Миа Крстевска постави нов Апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време 2:18:02 додека Миа Блажевска Еминова исто така од П.В.К.Орион постави нов Младински рекорд на Македонија во дисциплината 100м слободно со

Втор Меѓународен пливачки митинг “Гран при Македонија”

Почитувани пливачи,спортски работници,љубители на пливањето имам посебна чест и задоволство да Ве поканам на 2от Меѓународен пливачки митинг "Гран при Македонија" кои и оваа година ќе се одржи во организација на Националната пливачка федерација од 06-08.03.2020 на Олимпискиот базен Центар. Следејќи го трендот на светското пливање за прв пат во Македонија

Состанок на Управниот одбор

На последниот состанок на Управниот одбор  на Националната пливачка федерација одржан на 05,02,2020,водејќи се според постигнатите резултати во 2019г и според критериумите зададени од страна на Одборот за пливање и Управниот одбор,списокот на Категоризирани пливачи според исполнети критериуми кои може да користат бесплатни Репрезентативни  термини на базенот Борис Трајковски е

Повик

Се повикуваат сите клубови-членки на Националната пливачка федерација да достават список на своите пливачи поради регистрирање на истите за натпреварувачката 2020 сезона. Потребни се информации: Име и Презиме на пливачот Име на Родител Година и Дата на раѓање. registracija na plivaci

Редовно собрание на Светската Анти допинг агенција(WADA)

На редовното собрание на Светската Анти допинг агенција(WADA) одржано во Полска, усвоен е новиот Светски Анти  допинг Код како и други меѓународни правила со утврдени стандарди од областа на допингот во спортот,кои ќе треба да стапат на сила од 2021 година на Национално ниво. Поради тоа Агенцијата за Млади и Спорт

Календар на натпревари за 2020 година

На предлог на Одборот за пливање после добивање на сите пристигнати апликации од страна на клубовите за пријавава на митинзи,Управниот одбор го усвои календарот на натпревари за 2020 година. Акцент е ставен на Летните Олимписки Игри Токио 2020 и на што подобро претставување на пливањето на континенталните натпреваир во сите категории. Во

Најуспешните пливачи за 2019 година

Националната пливачка федерација на крајот од годината ги прогласи најуспешните пливачи за 2019 година. Според број на победи од Летното и Зимското Национално првенство најуспешни пливачи за 2019 година се: Жени: Помлади пионерки - Китановиќ Ива ПВК Орион Постари пионерки,Кадетки,Младинки и Сениорки - Блажевска Еминова Миа ПВК Орион Мажи: Помлади пионери - Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар

Прогласување на најуспешните пливачи во 2019 година

На ден 28.12.2019 Сабота,Националната пливачка федерација ќе изврши прогласување на најуспешните пливачи во 2019 година. Прогласувањето ќе се изврши во ресторанот Мажестик кој се наоѓа на Ул.Трета Македонска Бригада 11 (спроти Американ Колеџ) во нас. Стар Аеродром и ќе започне во 12:00. Исто така ќе се изврши и доделување на пехарите на најдобрите

Најдобри спортисти за 2019 година

Денес Град Скопје ги награди најдобрите спортисти за 2019 година. Нашиот најдобар маратонски пливач и репрезентативец Евгениј Поп Ацев се најде во најтесниот круг за избор на најдобар спортист за 2019 година со победата на  ФИНА Светската серија на Ултра Маратони и освојување на 6то место на ФИНА/ЦНСГ Светска серија на

Меѓународен пливачки митинг “Свети Никола”

На Меѓународниот пливачки митинг "Свети Никола" кој се одржува во Ниш на 21-22.12.2019 членките на ПВК Орион од Скопје поставија два нови рекорди на Македонија. Миа Крстевска постави нов Апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време 2:20:72 додека Блажевска Еминова Миа постави нов Кадетски рекорд во истата дисциплина со време

Новогодишен пливачки натпревар “Дедо Мраз”

На 22.12.2019 на базенот Борис Трајковски ќе се одржи Новогодишен пливачки натпревар "Дедо Мраз" во организација на ПК Аква Про од Скопје. Натпреварувачкиот дел почнува во 09:30 а делот за Адаптивно пливање започнува во 11:00. Распливувањето за двата дела е 30 минути порано. Пропозиции Новогодишен пливачки натпревар _Дедо Мраз_ - Покана

Зимско Национално Првенство 14-15.12.2019

На Зимското Национално Првенство во пливање кое се одржа на 14-15.12.2019 на базенот Борис Трајковски учество земаа 19 клуба и околу 300 пливачи кои се натпреваруваа во сите старосни категории(Сениори,Младинци,Кадети,Постари и Помлади пионери) поединечно и екипно. За најдобри пливачи по категории според најголем број на победи во категорија се прогласени следните

Зимско Национално Првенство во пливање во мали базени

На 14-15.12.2019 на базенот Борис Трајковски ќе се одржи Зимското Национално Првенство во пливање во мали базени.Првенството е екипно и поединечно и ќе биде за сите старосни категории: Сениори/ки - пливачи/ки родени 2000 и постари Младинци/ки - пливачи/ки родени 2001 и помлади Кадети/ки - пливачи/ки родени 2003 и помлади Постари пионери/ки - пливачи/ки родени

Зимско Национално првенство во Далечинско пливање 08.12.2019

На Зимското Национално првенство во Далечинско пливање кое се одржа на 08.12.2019 на Олимпискиот базен Центар во Скопје,учество земаа 17 пливачи од 6 клуба и тоа ПК Младост од Скопје,ПК Вардар од Скопје,ПК Центар од Скопје,ПК Скопје од Скопје и ПВК Орион од Скопје. Постигнати се следните официјални резултати: Жени 2,5Км 1.Неделкоска Јована

5 нови Државни рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини

Во првиот дел од Меѓународниот пливачки митинг "Немо Куп" кој се одржува на базенот Борис Трајковски во организација на ПК Делфин од Скопје,поставени се 5 нови Државни рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини. Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нов Апсолутен,Младински и Кадетски рекорд на Македонија во дисциплината

Традиционален Пливачки митинг “Немо Куп”

Овој викенд,30.11 и 01.12.2019 на базенот Борис Трајковски,во организација Пливачкиот Клуб Делфин од Скопје ќе се одржи традиционалниот Пливачки митинг "Немо Куп". Овој митинг се одржува 15та година по ред и е еден од најстарите пливачки натпревари кои се одржуваат во Македонија. Линк за резултати во живо: http://index.html Пропозиции и Пријавен документ: XV NEMO KUP

6 Нови Национални рекорди во повеќе категории

Во последниот дел од Меѓународниот пливачки митинг "Скопје опен 19" во организација на ПК Скопје од Скопје поставени се 6 нови Национални рекорди во повеќе категории. Пливачката на ПВК Орион од Скопје,Крстевска Миа постави нов Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100м грбно со време 1:03:36. Исто така пливачката на ПВК Орион

Меѓународен пливачки митинг “Скопје Опен”

Овој викенд 16-17.11.2019 на базенот Борис Трајковски ќе се одржи Меѓународниот пливачки митинг "Скопје Опен" во организација на Пливачкиот Клуб Скопје од Скопје. Утринските квалификации почнуваат во 09:00  а финалните трки во 17:00. Линк за резултати во живо: http://Skopje_Open_2019 - SPLASH Meet Manager 11 Skopje_Open_2019_MKD_ENG Skopje_Open_2019_MKD  

Евгениј Поп Ацев, прогласен за најдобар спортист на Град Скопје

Нашиот Репрезентативец во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев е прогласен за најдобар спортист на Град Скопје. Денес Сојузот на спортови на Град Скопје по повод ослободувањето на главниот град ги додели наградите "13 Ноември"  за најдобри спортисти за 2019 година. Оваа година Евгениј победи во Светската серија на Ултра маратони на ФИНА