You are here: Почеток

Пливачка Федерација на Македонија

Нови успеси за Томи Стефановски

Нашиот најдобар македонски пливач во далечинско пливање Томи Стефановски забележа одличен резултат освојувајќи го првото место на маратонот во Лак Сен Жан во Канада испливувајќи ја трката за 7 часа 9 минути и 8 секунди време со кое го дели првото место со  домашниот пливач Савиер Дешарни. 43-годишниот Томи со овој резултат изби на првото место на ранг листата на Фина Гран При серијата. Евгениј Поп Ацев го освои 4-то место на истиот маратон и Александар Илиевски 11-то.

Следни натпревари од серијата се: Лак Магог (2 август) Охридски маратон (23 август) и Капри-Неапол (7 септрмври).

 

Марко Блажевски со нов рекорд

Нашиот пливач Марко Блажевски, кој учествуваше на пливачкиот митинг во Северна Каролина овој месец, го освои првото место на 200 метри мешано, при што имаше време за нов македонски рекорд. Блажевски патеката ја исплива за 2:03.65 минути. Минатата година на Светското првенство кое се одржа во Барселона, Марко исплива 200 мешано за време од 2:07.78 минути. 

 

Виктор Смилевски на Европското Младинско првенство

На последното Европско Младинско првенство кое се одржа во Дордрехт, Холандија во периодот од 09.07.2014 до 13.07.2014 година нашата држава ја претставуваше младинскиот репрезентативец и член на пливачкиот клуб ПВК Орион, Виктор Смилевски. Виктор е единствениот наш младински пливач кој ја исполни нормата која се бара за да се квалификува на овој голем настан.

 

Започна пријавувањето за Охридскиот Маратон 2014

Oвогодинешниот Охридски Маратон по 28-ми пат ќе се одржи на 23 август. Пријавувањето за маратонот сеуште трае, а подготовките за маратонот оваа година се во полн ек. Пливачката федерација на Република Македонија, заедно со овогодинашните спонзори и поддржувачи на маратонот и овој пат ќе се потруди да го организира овој настан на најпрофесионално ниво, онака како што му доликува на еден маратон од вакви рамки.
   

Со љубов за Македонија

На крајот на сезоната 2013, Пливачката Федерација на Република Македонија и Органицазиониот Комитет на Македонскиот Куп во Далечинско пливање, организираат завршна манифестација "Со љубов за Македонија" која ќе се одржи во ресторанот "Ден и Ноќ" на 1 Ноември 2013 година со почеток од 19 часот.

 

Дојрански спортски ракувања 2013

Пливачката федерација на Република Македонија во согласност со својот план и програма а во коорганизација на Хотел Истатов ќе организираат по втор пат Македонски куп во далечинско пливање ДОЈРАНСКИ СПОРТСКИ РАКУВАЊА 2013 на 7 Септември 2013 година, сабота, на Дојранското Езеро.
 

Рејмонд Аксел победник на XXVII Охридски Маратон

Французинот Рајмонд Аксел е победник на 27. Охридски пливачки маратон што се пливаше на Охридското Езеро. Аксел, кому ова му е прво појавување на охридскиот маратон, патеката Климе Савин" долга 30 километри ја исплива за 5:09:54 часа, соборувајќи го рекордот на Бугаринот Петар Стојчев, поставен лани за скоро 10 минути.

   

Лист 3 од 8

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер

Линкови

http://www.fina.org/
Светска пливачка федерација
http://len.eu/
Европска пливачка федерација
Waterpolo EC 2012 Eindhoven
Официјален портал за ЕП 2012 во ватерполо