You are here: Почеток

Пливачка Федерација на Македонија

Охридски Маратон 2013

Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција).
 

Пливачки митинг АРМ 2013

Пливачки митинг АРМ 2013

Пливачката федерација на Македонија организира натпревар - Пливачки митинг АРМ 2013, по повод Денот на Армијата на Р. Македонија. Настанот ке се одржи на базен Аеродром(воени базен) со почеток во 09.00 часот. На натпреварот учество ке земат деца од пливачки клубови , војници на АРМ и наши (поранешни) сегашни врвни пливачи.

Мегу другото како гости ке има и високи функционери на АРМ.  Целта е дружење  и запознавање на младите пливачи со војниците  на Р.Македонија . 

 

Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2013 година

 

Почитувани

Во организација на Пливачката Федерација на Македонија, сабота 31 Август 2013 г. на најголемата вештачка Акомулација Козјак, по прв пат ќе се одржи ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ - КОЗЈАК МАРАТОН.

Техничката организација ќе ја превземе - ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија.

 

Заврши пријавувањето за 27-ми Охридски маратон

 

Ве известуваме дека заврши пријавувањето за учество на 27-от Охридски пливачки маратон.

 

   

Одложен купот "КОЗЈАК" 2012

Купот во далечинско пливање „Козјак 2012“ кој што требаше да се одржи во сабота 1ви септември 2012 година се одложува поради пожарите кои се активни на теренот околу езерото Козјак.  Иако организациски се е подготвено за одржување на настанот, за жал, поради „виша сила“ и од безбедносни причини приморани сме да го одложиме настанот. 

Во моментов најважно е да се изгаснат пожарите и да се санираат штетите предизвикани од нив, а за новиот термин на маратонот дополнително ќе се одлучува во наредните денови доколку временските и безбедносните услови го дозволуваат тоа.


 

Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2012 година

Земајќи го в предвид фактот дека живееме во едно сресно време, кога најголемиот дел од времето младите го поминуваат играјќи на компјутер, како и идејата дека младите кои спортуваат се посилни и поздрави отколку оние кои не се вклучени во физички активности, на самиот старт на оваа учебна година, Пливачката Федерација на Македонија (ПФМ), во согласност со својот план и програма, а во коорганизација на ЈПУЗПП ЈАСЕН, ќе организира Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК“ – 2012 година.

Стартот на овој настан е закажан за 01 Септември (сабота) 2012 година, на езеро Козјак, со старт на трката во Близанско - поречие.

 

Стојчев победник на Охридскиот маратон

Победата не е случајна, таа е плод на макотрпна работа и треба да се каже јасно кој е овде најдобриот. Освоив се што можеше да биде освоено и првите места и некои други награди, а сега го поставив и рекордот на патеката Климе Савин, што ли уште треба? Доста е, изјави Петар Стојчев по пристигнувњето на целта.

Дваесет и шестиот Охридски Маратон, одржан на 19.08.2012, го донесе новиот рекорд на патеката Климе Савин. Со рекордни 5 часа, 19 минути, 30 секунди и 35 стотинки, Петар Стојчев од Бугарија, ги исплива 30 – те километри, а со овој резултат го донесе и новиот рекорд на маратонската охридска патека.

   

Лист 4 од 8

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер

Линкови

http://www.fina.org/
Светска пливачка федерација
http://len.eu/
Европска пливачка федерација
Waterpolo EC 2012 Eindhoven
Официјален портал за ЕП 2012 во ватерполо