You are here: Почеток Ватерполо Oлимписки оган пред натпреварот Македонија - Хрватска

Oлимписки оган пред натпреварот Македонија - Хрватска

Е-пошта Печати PDF
Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Олимписки Комитет на само неколку месеци пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, ќе го запали „олимпискиот оган“ со цел и желба што повеќе македонски репрезентации да земат учество на престојните олимпски игри.
 
Настанот ќе се одржи на 05.01.2012 година, вечерта пред Бадник, кога и традиционално се палат бадниковите огнови со почеток во 19 часот пред Олимпискиот Базен на само еден час пред почетокот на ватерполо натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Хрватска - дел од FINA светската лига во ватерполо.
 
Ги покануваме сите граѓани, федерации, спортисти и љубители на спортот да ни се придружат и да бидат дел од овој настан. Воедно ги покануваме сите љубители на спортот во 20 часот истиот ден, на Олимпскиот базен во Скопје на наптреварот со Хрватска, да ја бодрат нашата репрезентација која со своето учество на Европското првенство во Ајндховен Холандија од 16-ти до 29ти јануари е потенцијален кандидат за учество на престојните олимписки игри во Лондон.
Последно освежено ( Среда, 11 Јануари 2012 16:52 )