You are here: Почеток Ватерполо Повреди кај ватерполистите, проблеми за Гочанин

Повреди кај ватерполистите, проблеми за Гочанин

Е-пошта Печати PDF

Селекторот на Македонската ватерполо репрезентација Игор Гочанин на само неколку дена пред почетокот на Европското Првентво во ватерполо се соочува со проблеми со повредите со кои се здобија ватерполистите во текот на подготовките за ЕП.
 
Имено двајца клучни репрезентативци во текот на подготвителниот период се здобија со повреди и тоа Борис Летица кој има повреда на ушното тапанче, како и Иван Вуксановиќ кој беше повреден на подготвителниот турнир во Турција и во моментов има медицински санирана аркада. Двајцата ватерполисти се надвор од тренажниот процес се додека нивните повреди не се санираат целосно.
 
Сепак, добра вест за Гочанин е дека нивното закрепнување оди одлично и се очекува нивно враќање во базените во наредните неколку дена.
Последно освежено ( Четврток, 12 Јануари 2012 19:30 )