You are here: Почеток Ватерполо Фуриозен старт на ЕП, Македонија - Турција 16:4

Фуриозен старт на ЕП, Македонија - Турција 16:4

Е-пошта Печати PDF

Со фуриозна, тимска, брза и борбена игра, Македонската ватерполо репрезентација го започна Европското првенство во Ајндховен 2012 совладувајки ја репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4!

По раното водството од 0:1 на репрезентацијата на Турција, следеше неверојатен пресврт во корист на нашата репрезентација по кој резултатот и разликата по четвртини се движеше се повеќе и повеќе во корист на Македонија достигнувајки 16 гола за Македонија наспроти само 4 за Турција. Резултатот по четвртини беше:

 

1-ва четвртина: 3:1

2-ра  четвртина: 5:1 (2:0)

3-та  четвртина : 11:1 (6:0)

4-та четвртина: 16:4 (5:3)

На самото отварање на првенството во сопствен стил подеднакво блеснаа сите членови на нашата репрезентација. Покрај многуте одбрани на нашиот број 1, голманот Далибор Перчиниќ, во листата на стрелците се запишаа:  

Борис Летица – постигна 4 гола

Мирослав Ранџиќ – постигна 3 гола

Данијел Бениќ  – постигна 3 гола

Игор Рачуница  – постигна 2 гола

Игор Милановиќ – постигна 2 гола

Благоје Ивовиќ – постигна 1 гол

Иван Вуксановиќ – постигна 1 гол

Димитар Димовски – постигна 1 гол

Задоволни од победата, нашите ватерполисти подеднакво се спремни за следниот предизвик кој следи утре. Во истиот термин, со почеток од  13:00 часот, на базенот „Pieter van den Hoogenband Swimming Stadium“ во  Ајндховен Холандија, нашите репрезентативци ќе го одиграат натпреварот против Грција.

Последно освежено ( Понеделник, 16 Јануари 2012 15:11 )