You are here: Почеток Ватерполо Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата

Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата

Е-пошта Печати PDF
Пливачката Федерација на Македонија денеска официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април. 

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.

Петте први репрезентации кои обезбедија учество за Едмонтон од европските преставници се репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија кои своето учество го обезбедија

 со остварениот пласман на Европското првентво во Ајндховен, Холандија. На нив им се придружуваат и репрезентациите на Холандија и Република Македонија кои ги заземаат местата на репрезентациите кои го откажаа учеството на квалификациониот турнир.

Во првата недела на Април, дванаесет екипи ќе се борат за првите 4 позиции кои водат на Олимписките игри во Лондон 2012.

Репрезентациите кои веќе обезбедија учество на Олимпијадата се: Србија (како победник на 2011 FINA Светската Лига), Италија (2011 FINA Светско Првенство), Унгарија (2011 FINA Светско Првенство), Хрватска (2011 FINA Светско Првенство), Велика Британија (како домаќин),  Австралија (Преставник на Океанија), Казакстан (Преставник од Азија), САД (Преставник на Америка).

Последно освежено ( Понеделник, 20 Февруари 2012 10:39 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер