You are here: Почеток Ватерполо Прием на универзитетската ватерполо репрезентација кај Премиерот Никола Груевски

Прием на универзитетската ватерполо репрезентација кај Премиерот Никола Груевски

Е-пошта Печати PDF

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вчера оствари средба со членовите на македонската универзитетска ватерполо репрезентација.

На средбата премиерот Груевски им честита на младите ватерполисти за освојувањето на бронзениот медал на Универзијадата што минатата година се одржа во Кина, што претставува прв медал за Република Македонија во групните спортови.

Премиерот Груевски ги информираше младите ватерполисти дека Владата на Република Македонија континуирано работи на подобрување на спортската инфраструктура во државата преку изградба на спортски сали, фудбалски игралишта и други видови на спортски терени. 

Во тој контекст, претседателот на Владата истакна дека во завршна фаза е реконструкцијата на спортскиот базен во Карпош кој се очекува да започне со работа во текот на месец март, а исто така, дека во втората половина на оваа година се очекува да започне изградбата на уште два затворени спортски базени во Охрид и Крушево.

Членовите на македонската универзитетска ватерполо репрезентација му се заблагодарија на премиерот Груевски за сите заложби кои што се прават од страна на Владата за развој на спортот во Република Македонија.

Последно освежено ( Четврток, 01 Март 2012 14:17 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер