You are here: Почеток Ватерполо Прием кај министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска

Прием кај министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска

Е-пошта Печати PDF
Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес беше примена од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Министерството за внатрешни работи на РМ при што министерката Јанкулоска им честита на ватерполистите за сите досегашни успеси како и за афирмацијата на македонскиот спорт а со тоа и на целата држава. Министерката Јанкулоска им посака уште поголем успех на претстојниот квалификациски турнир во Едмонтон (Канада) на кој што македонските ватерполисти ќе се борат за едно од местата кои водат на Олимпијадата во Лондон.
 
Ватерполо репрезентацијата на министерката Јанкулоска и подари ватерполо топка со постписи од сите ватерполисти како и врамена плакета со освоената бронзена медалја од минатогодишната Универзијада во Кина каде македонските ватерполисти го освоија третото место и ја донесоа првата медалја освоена од една македонска репрезентација на големите меѓународни натпреварувања.
Последно освежено ( Четврток, 22 Март 2012 18:53 )