You are here: Почеток Ватерполо Младите ватерполисти на квалификации за ЕП

Младите ватерполисти на квалификации за ЕП

Е-пошта Печати PDF

 

Младинската ватерполо репрезентација на Македонија во периодот од 24 до 27 мај учествува на квалификациониот турнир за пласман на Европското Првенство за ватерполисти под 19 години кој се одржува во Варна, Бугарија. Во нашата група освен Македонија учествуваат и Русија, Бугарија, Израел и Украина, а само прво пласираните две репрезентации ќе обезбедат учество на Европското Првенство кое ќе се одржи во септември годинава во Франција.

Oчекувањата за квалификациониот турнир ги пренесува селекторот Сашо Христовски: „Не можеме да бидеме големи оптимисти за пласман на Европското првенство. Со оглед на тоа што во минатиот период имавме големи проблеми со одржување на формата на ватерполистите која до тогаш имаше нагорна линија, но за жал истата опадна затоа што формата не се одржува доколку ватерполистите немаат основни услови за тренинг и воигрување. 

Така на пример иако во Март годинава се отвори базенот „Младост“ сепак не можевме да најдеме разбирање и да обезбедиме термини за тренинг на базенот. Потоа во Април се отвори Олимпискиот базен, но сепак немаше услови за основен тренинг бидејки од управата на базенот не ни беше дозволено користење на основните реквизити за ватерполо тренинг како што се на пример ватеполо топки и слично. Токму затоа, нашите очекувања од овој квалификационен турнир се навистина скромни и може да се рече дека одиме да настапиме колку да не ги разочараме и онака веќе разочараните млади надежи на македонското ватерполо.“

 

Последно освежено ( Петок, 17 Август 2012 16:29 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер