You are here: Почеток Пливање Стојчев победник на Охридскиот маратон

Стојчев победник на Охридскиот маратон

Е-пошта Печати PDF

Победата не е случајна, таа е плод на макотрпна работа и треба да се каже јасно кој е овде најдобриот. Освоив се што можеше да биде освоено и првите места и некои други награди, а сега го поставив и рекордот на патеката Климе Савин, што ли уште треба? Доста е, изјави Петар Стојчев по пристигнувњето на целта.

Дваесет и шестиот Охридски Маратон, одржан на 19.08.2012, го донесе новиот рекорд на патеката Климе Савин. Со рекордни 5 часа, 19 минути, 30 секунди и 35 стотинки, Петар Стојчев од Бугарија, ги исплива 30 – те километри, а со овој резултат го донесе и новиот рекорд на маратонската охридска патека.

Веднаш по него во фото финишот во машка конкуренција второто место го освои прво плсираниот во генерален пласман и севкупен победник во ФИНА Гранд При оваа година, Тренд Гримси од Австралија. Трето пласиран беше Дамјан Блаум од Аргентина.

Во женска конкуренција триумфираше Олга Козиуп од Русија со постигнато време 5 часа, 33 минути, 41 секунда и 66 стотинки. Второпласирана во женска коннкуренција беше Ана Уварова од Руссија, додека пак третотот место го завзема Силвија Рубарова од Чешка.

На вчерашната свечена церемонија по повод прогласување и доделување на наградите, која се одржа во хотел Гранит, наградите на прво пласираните во машка и женска конкуренција ги додели, Претседателот на Република Македонија, Неговата Екселенција, д-р Ѓорге Иванов, кој воедно е и покровител на оваа манифестација.

На светскиот календар на ФИНА за Гранд При 2012 година, Охридскиот Маратон беше последена трка за оваа сезона, што значи дека ги донесе и официјалните победници во машка и женска конкуренција.Токму поради овој факт, на вчерашното свечено доделување на наградите, делегатот од ФИНА, Г-дин Жон Пол Нурс ги додели и ФИНА плакетите на победниците во машка и женска конкуренција. Добитници на истите беа Тренд Гримси од Австралија и Естер Нунез ос Шпанија.

Една од наградите за покажан особен интерес и придонес во оваа манифестација, Климе Савин, беше доделена на Евгениј Поп Ацев, кој по пристигнувањето на стартот изјави: Презадоволен сум од постигнатиот успех. Трката беше напната, до последните метри беше борба, а во последните 500 метри се одвои водечката група. Фактот што е поставен нов рекорд на трката, говори за тоа дека сите сме пливале брзо и дека напредуваме.

Пливачката Федерација на Македонија особено се заблагодарува на укажаната помош и подршка на Кабинетот на претседателот, д-р Ѓорге Иванов, на младите и ентузијастички расположени кадри, кои со својата енергија и упорност допринесоа овој маратон да биде одржан и да помине во најдобар ред, а при тоа манифестацијата да го задржи својот квалитет и гламур. Токму поради овој придонес, втората награда Климе Савин беше доделена на Генералниот Секретар на Кабинетот на Претседателот, Борис Јосифовски.

Последно освежено ( Четврток, 23 Август 2012 17:51 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер