You are here: Почеток Пливање Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2012 година

Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2012 година

Е-пошта Печати PDF

Земајќи го в предвид фактот дека живееме во едно сресно време, кога најголемиот дел од времето младите го поминуваат играјќи на компјутер, како и идејата дека младите кои спортуваат се посилни и поздрави отколку оние кои не се вклучени во физички активности, на самиот старт на оваа учебна година, Пливачката Федерација на Македонија (ПФМ), во согласност со својот план и програма, а во коорганизација на ЈПУЗПП ЈАСЕН, ќе организира Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК“ – 2012 година.

Стартот на овој настан е закажан за 01 Септември (сабота) 2012 година, на езеро Козјак, со старт на трката во Близанско - поречие.

 Трката ќе се одвива во три категории:

  1. 2000 m - деца до 14 години, трка со старт во 11h
  2. 5000 m – од 14 до 17 години, трка со старт во 12h
  3. 10.000m – над 17 години, трка со старт во 12h ( трката на 10.000 претставува олимписка дисциплина која досега не беше застапена во спортската програма)

Наградниот фонд на овој куп изнесува 300.000 денари и истите се обезбедени од страна на ЈПУЗПП ЈАСЕН.

За посетителите од Градот Скопје на Македонскиот куп во далечинско пливање  “КОЗЈАК“ – 2012 година ќе се обезбеди организиран превоз со мини автобуси, кои кон предвиденото место за старт на трката ќе тргнат од паркингот на ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН во 08:00 часот, на 01 Септември (сабота), 2012 година.

Движењето на посетителите со сопствени возила на 01 Септември за време на Македонски куп во далечинско пливање  “КОЗЈАК“ – 2012 година ќе биде регулирано:

  • Во правец Скопје  кон Македонски Брод  од 06:00- 11:00
  • Од Македонски Брод кон Скопје од 16:00- 20:00

Ги покануваме сите ученици кои се членови на клубови регистрирани во Пливачката Федерација на Македонија и сите љубители на спортот да дојдат и да бидат дел од оваа манифестација – Пливај за здравје. Ова воедно претставува можност за истражување на природните убавини на шумскиот резерват Јасен, кој покрај условите за организација на вакви купови во пливање, вклучува и 35 км шумски патишта и патеки кои овозможуваат организирање на планински велосипедизам, пешачење, планинарење, лов, јавање, параглајдинг и качување по карпи.

Пријавата за оваа манифестација може да ја превземете со кликнување овде.

Лица за контакт:
Елена Илиевска,
телефон: 072/422-203

Последно освежено ( Четврток, 23 Август 2012 18:10 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер