You are here: Почеток

Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2013 година

Е-пошта Печати PDF

 

Почитувани

Во организација на Пливачката Федерација на Македонија, сабота 31 Август 2013 г. на најголемата вештачка Акомулација Козјак, по прв пат ќе се одржи ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ - КОЗЈАК МАРАТОН.

Техничката организација ќе ја превземе - ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија.

Основа цел на ова Државно првенство е преку систем од натпревари за предстојната Олимпијада, Република Македонија да обезбеди учество на свои претставници во олимписката дисциплина - далечинско пливање на 10км. Натпреваруањето согласно правлникот на Пливачката Федерација на Македнија ќе се одржи дополнително на 5км и 2,5км и тоа во сите категории на пливачи. Предвидените патеки имаат кружен тек на потегот од м.в Близанско во правец на мостот над Акумулацијата Козјак и назад.

Пристапен пат од Скопје е регионалниот пат Скопје / Марков манастир / Нова Брезница / Кула(ЈАСЕН) / "мост на Близанско" / Акумулација Козјак и од страната на Македонски Брод, с. Белица, викенд населба Борова Брезница /  "мост на Близанско" / Акумулација Козјак.

Категорија:

  • 2,5км (од 13 до 14 год.)
  • 5км (од 15 до 17 год.)
  • 10км (над 17 год.) 

 

 * Учесници на натпреварувањето можат да бидат само членови на клубови регистрирани во ПФМ.

 * Обезбеден е награден фонд од 300.000,00 денари.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА 

ПРЕВЗЕМИ РОДИТЕЛСКА СОГЛАСНОСТ 

 

Последно освежено ( Понеделник, 26 Август 2013 16:18 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер