You are here: Почеток Пливање Со љубов за Македонија

Со љубов за Македонија

Е-пошта Печати PDF

На крајот на сезоната 2013, Пливачката Федерација на Република Македонија и Органицазиониот Комитет на Македонскиот Куп во Далечинско пливање, организираат завршна манифестација "Со љубов за Македонија" која ќе се одржи во ресторанот "Ден и Ноќ" на 1 Ноември 2013 година со почеток од 19 часот.

Ги покануваме сите оние кои што на некој начин помогнале или дале придонес во организацијата на пливачките купови во земјава и зажувавањето на пливањето како спорт во Македонија, со цел да им се заблагодариме и да им оддадеме признание за тоа што и покажуваат на целата македонска нација како треба да се сака нашата држава и дека доколку нешто се работи со љубов и од срце, ништо не е невозможно.

Ние напорно работевме цела година, а благодарение на нивната несебична помош покрај Охридскиот Маратон успеавме да организираме пливачки купови и во Дојран и Козјак. Се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другите граѓани во земјата да вложуваат и да помагаат во организацијата на вакви спортски манифестации и во иднина, а ние ќе се обидеме следната година уште повеќе да ја прошириме листата на пливачки манифестации, каде како потенцијални локации можеме да ги наведеме Тиквешкото и Преспанското Езеро.

Во контекст на љубовта, на оваа манифестација ќе го промовираме и проектот на Пливачката Федерација на Република Македонија за бесплатна обука на децата од социјално загрозените категории. Ние знаеме дека децата се наша најголема вредност и затоа го најавуваме и нашиот следен проект во соработка со Министерството за образование и наука кој би придонел за да имаме здрави деца и здрава иднина.

На манифестацијата ќе присуствуваат и најмладите пливачи кои ќе имаат можност да се запознаат и сликаат со Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, без чија помош немаше да успееме во организацијата на спортските пливачки манифестации.

Ние сме свесни дека со доделувањето на благодарници, признанија или награди не можеме да ја покажеме нашата неизмерна благодарност кон овие личности со големо срце, но се надеваме дека со оваа свеченост ќе успееме барем малку да покажеме колкаво е нивното значење за развојот на пливањето во нашата татковина.

Дополнителни информации за церемонијата, идните проекти на ПФМ и слики од вечерта ќе објавиме по одржувањето на истата.

Последно освежено ( Четврток, 24 Јули 2014 08:15 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер