You are here: Почеток Пливање Виктор Смилевски на Европското Младинско првенство

Виктор Смилевски на Европското Младинско првенство

Е-пошта Печати PDF

На последното Европско Младинско првенство кое се одржа во Дордрехт, Холандија во периодот од 09.07.2014 до 13.07.2014 година нашата држава ја претставуваше младинскиот репрезентативец и член на пливачкиот клуб ПВК Орион, Виктор Смилевски. Виктор е единствениот наш младински пливач кој ја исполни нормата која се бара за да се квалификува на овој голем настан.

Нашата пливачка делегација ја сочинуваа Виктор Смилевски како пливач и Миро Крстевски како шеф на делегација. Виктор на ова првенство исплива задоволителни времиња во дисциплините 50 и 100 метри слободно и уште еднаш потврди дека е сериозен кандидат за достојно презентирање на нашата држава на следните големи натпревари.

Пливачката федерација на Македонија целосно го поддржа нашиот тим и со гордост може да истакнеме дека нашиот тим достојно ја претстави Република Македонија. Пливачката Федерација оваа година исто така ги подржа сите наши репрезентативци кои исполнија норми за учество на големите натпревари. Со заеднички напори чекориме кон нови победи и успеси.

Последно освежено ( Среда, 30 Јули 2014 15:17 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер