You are here: Почеток

Успешно заврши Интернационалниот пливачки маратон на 10км

Е-пошта Печати PDF

На 18.08.2018 во Охрид се одржа интернационална маратонска трка во олимписката дисциплина од 10 километри, Гиљермо Бертола од Аргентина прв ја мина целта, нашата Ева Петровска стана најмладата и прва Македонка која ја преливала оваа дистанца.

Во водите на Охридското езеро учестуваа 12 пливачи на интернационалниот маратон на 10 километри. Стартот на тргата го означи претседателот на Македонскиот олимписки комитет, г-дин Васил Пупурковски,

Се пливаа шест круга од 1665 метри. Прв целта ја помина Гиљермо Бертола од Аргентина кој во супер интересен финиш за помалку од една секунда беше побрз од Бугаринот Веницслав Ајдарски. Времето на Аргентинецот беше 2:02:46.68, бугарскиот пливач исплива за 2:02:47.50.

Трет беше Алехандро Морено од Аргентина, а единствениот македонски пливач во машка конкуренција, Александар Илиевски заврши на петтата позиција со време од 2:12:08.46.

Победничка во женска конкуренција беше од Аргентина, Елизабет Сесилија Биљоли победи со време од 02:10:27.69.

14 годиншната Ева Петровска од Македонија како последна ја заврши трката со време од 02:29:28.69, но ова беше историски успех бидејќи таа стана првата наша пливачка која ја испливала оваа олимписка дисциплина од 10 километри.

Преземете ги официјалните резултати ТУКА

 

 

 

 

 

Последно освежено ( Понеделник, 20 Август 2018 08:13 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер