You are here: Почеток Ватерполо Ватерполистите - Спортисти на годината 2011

Ватерполистите - Спортисти на годината 2011

Е-пошта Печати PDF

Спортисти на годината

 

На 22 декември во Универзалната сала во Скопје, се одржа манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија на која беа доделени наградите за најуспешните спортисти во нашата држава.

Очекувано најуспешна екипа од универзитетите е ватерполо репрезентацијата на Република Македонија која го освои третото место и бронзената медала на Универзијадата во Шензен во Кина. 

Покрај ова спортистите од пливачките спортови се здобија со уште една награда, имено наградата за најуспешен спортист на лице со инвалидитет отиде во рацете на пливачот Андреј Стојановски.

Меѓу останатите наградени се кошаркарите кои ги понесоа заслугите за најдобра машка репрезентација, најуспешна федерација, потоа Марин Докузовски ја доби наградата за најдобар селектор, Лестер Бо Мекејлеб се закити со признанието најпопуларен спортист во Македонија, додека најпрестижната награда во машка конкуренција ја понесе Перо Антиќ, кој беше прогласен за најдобар спортист во 2011 година.

За спортистка на годината заслужено беше прогласена Наташа Илиевска, која имаше неверојатно успешна година, додека нејзината колешка од карате клубот „Макпетрол“, Моника Стефановска, ја доби наградата за најдобра млада спортистка. Најдобар млади спортист за 2011 година е фудбалерот на Барселона и на македонската репрезентација до 19 години, Давид Бабунски. Најуспешен спортист во странство е Кире Лазаров, а неговите колешки се закитија со признанието за најдобра женска репрезентација. Најуспешен спортски клуб од основните училишта е „Елпида Караманди“ од Битола, додека од средните училишта наградата отиде кај „Методи Митевски-Брицо“. 

Последно освежено ( Четврток, 12 Јануари 2012 11:35 )