You are here: Почеток Ватерполо Новости

Новости

Ватерполистите на подговотки во Турција


Македонската ватерполо репрезентација  во периодот од 06.01 до 08.01.2012 година ќе учестува на меѓународниот ватерполо турнир „International Mithat Hantal Memorial Tournament" кој се одржува во Истанбул, Турција. На турнирот покрај Македонската репрезентација учество ќе земат и репрезентацијата на домаќинот, Турција, како и Холандската и Романската репрезентација. Турнирот нашите ватерполисти ќе го искористат како одлична можност за подготовки пред престојното Европско првенство во ватерполо кое започнува на 16 јануари годинава а ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.

 

Последно освежено на Среда, 11 Јануари 2012 16:51
 
Спортисти на годината

Ватерполистите - Спортисти на годината 2011

 

На 22 декември во Универзалната сала во Скопје, се одржа манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија на која беа доделени наградите за најуспешните спортисти во нашата држава.

Очекувано најуспешна екипа од универзитетите е ватерполо репрезентацијата на Република Македонија која го освои третото место и бронзената медала на Универзијадата во Шензен во Кина. 

Последно освежено на Четврток, 12 Јануари 2012 11:35
   
Одликувања Град Скопје 2011

Одликувања од Градот Скопје


Градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски, свечено ги врачи наградите и признанијата на најдобрите спортисти и спортски работници за 2011 година. Наградите и признанијата на најдобрите спортски работници им се доделуваат традиционално по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на градот Скопје.

За најуспешни спортисти за 2011 година се прогласени: Евгениј Поп Ацев (Маратонско пливање, трето место на светската ранг листа за 2011, член на АПК „Студент“ Скопје), Димитар Димовски (Ватерполо, ВК „Работнички“, 3. место на Универзијадата во Пекинг, репрезентативец што се избори за пласман за Евроспкото

Последно освежено на Среда, 28 Декември 2011 16:21
 
Reprezentacija

Прв медал за Македонија на Универзијадата!


Mакедонската ватерполо репрезентација со победата над селекцијата на С.А.Д. оствари огромен успех на Универзијатада во Шензен Н.Р. Кина освојувајќи го бронзениот медал. Творци на победата на македонската селекција беа Саша Мишиќ и Урош Калиниќ, кои постигнаа по три гола, Мирослав Ранџиќ беше стрелец на два гола, a Милан Петровиќ и Ведран Чирковиќ по 1.

Натпреварот за бронзата одлично го почнавме и првата четвртина ја добивме со убедливи 4:1, а вторриот период со 3:2. Во третиот дел нашите надежи го контролираа резултатот и периодот заврши со мал број голови 1:1, додека последната четвртина им припадна на Американците со 3:2.

Последно освежено на Понеделник, 31 Октомври 2011 14:25
   

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер