You are here: Почеток Ватерполо Новости

Новости

Прием кај министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска

Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес беше примена од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Министерството за внатрешни работи на РМ при што министерката Јанкулоска им честита на ватерполистите за сите досегашни успеси како и за афирмацијата на македонскиот спорт а со тоа и на целата држава. Министерката Јанкулоска им посака уште поголем успех на претстојниот квалификациски турнир во Едмонтон (Канада) на кој што македонските ватерполисти ќе се борат за едно од местата кои водат на Олимпијадата во Лондон.
 
Ватерполо репрезентацијата на министерката Јанкулоска и подари ватерполо топка со постписи од сите ватерполисти како и врамена плакета со освоената бронзена медалја од минатогодишната Универзијада во Кина каде македонските ватерполисти го освоија третото место и ја донесоа првата медалја освоена од една македонска репрезентација на големите меѓународни натпреварувања.
Последно освежено на Четврток, 22 Март 2012 18:53
 

Светска лига: Победа над Германија

Со победата над ватерполо репрезентацијата на Германија во последниот дуел од групата „Б“ на Светската Лига во ватерполо, нашата репрезентација го заокружува учеството во ова реномирано натпреварување. Откако резултатот во регуларниот тек заврши нерешено 9:9 (по четвртини 1:4; 3:2; 2:1 и 3:2), во пенал серијата успеавме да ги совладаме Германците со 13:12.
 
Македонската репрезентација настапи со видно изменет состав во однос на претходните натпревари, но очигледно беше дека новиот селектор Поповски одлично ги имаше мотивирано своите избраници. Нашите ватерполисти покажаа храброст и борбена игра што се покажа како пресудно, со оглед дека на две и пол минути до крајот губеа со 9-7, но собраа сили да стигнат до израмнување и да го одведат овој меч во пенал-рулет.  
 
При изведувањето на пеналите маестрален беше македонскиот голман Маринковиќ, кој што одбрани неколку удари на противниците, вклучувајќи го и оној последниот на Улер, па по седмата пенал-серија Македонија можеше да го прослави својот прв триумф во Светката лига.

За нашиот тим ова е убав вовед во почетокот на подготовките за настап на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките Игри, кој ќе се одржи во Едмонтон, а токму селекцијата на Германија ни е еден од конкурентите во борбата за настап во Лондон.  
Последно освежено на Четврток, 22 Март 2012 18:54
   

Прием на универзитетската ватерполо репрезентација кај Премиерот Никола Груевски


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вчера оствари средба со членовите на македонската универзитетска ватерполо репрезентација.

На средбата премиерот Груевски им честита на младите ватерполисти за освојувањето на бронзениот медал на Универзијадата што минатата година се одржа во Кина, што претставува прв медал за Република Македонија во групните спортови.

Премиерот Груевски ги информираше младите ватерполисти дека Владата на Република Македонија континуирано работи на подобрување на спортската инфраструктура во државата преку изградба на спортски сали, фудбалски игралишта и други видови на спортски терени. 

Последно освежено на Четврток, 01 Март 2012 14:17
 

Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата

Пливачката Федерација на Македонија денеска официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април. 

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.

Петте први репрезентации кои обезбедија учество за Едмонтон од европските преставници се репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија кои своето учество го обезбедија

Последно освежено на Понеделник, 20 Февруари 2012 10:39