You are here: Почеток Ватерполо

Новости

Гочанин: „За почеток на Европското првенство, јас сум многу задоволен!”

По завршувањето на првиот меч за нашата репрезентација на Европското првенство во Ајндховен Холандија и по прекрасната победа над  репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4, изјави дадоа селекторот на нашата репрезентација Игор Гочанин, како и Мирослав Ранџич:

Игор Гочанин: “Како за прв меч, јас сум многу задоволен. Концентрацијата беше добра и се надевам дека ќе продолжиме да играме со глава и со концентрација при играч повеќе и при играч помалку. Тешко е да се каже нешто повеќе, бидејки резултатот е многу висок, но за почетокот на Европското првенство јас сум многу задоволен!”

Последно освежено на Понеделник, 16 Јануари 2012 19:41
 

Атмосферата одлична пред почетокот на ЕП

Атмосферата меѓу ватерполистите, нашите представници на Европското првенство во ватерполо кое започнува утре во Ајнхдовен, Холандија, е одлична!

Селекцијата е во комплетен состав и денес одржа два кратки тренинзи, во 14 и во 20 часот. Утре во 13 часот нашите ватерполисти го играат првиот меч од Европското првенство против селекцијата на Турција како дел од првото коло во Групата А. 

Последно освежено на Недела, 15 Јануари 2012 22:38
 

Повреди кај ватерполистите, проблеми за Гочанин


Селекторот на Македонската ватерполо репрезентација Игор Гочанин на само неколку дена пред почетокот на Европското Првентво во ватерполо се соочува со проблеми со повредите со кои се здобија ватерполистите во текот на подготовките за ЕП.
 
Имено двајца клучни репрезентативци во текот на подготвителниот период се здобија со повреди и тоа Борис Летица кој има повреда на ушното тапанче, како и Иван Вуксановиќ кој беше повреден на подготвителниот турнир во Турција и во моментов има медицински санирана аркада. Двајцата ватерполисти се надвор од тренажниот процес се додека нивните повреди не се санираат целосно.
 
Сепак, добра вест за Гочанин е дека нивното закрепнување оди одлично и се очекува нивно враќање во базените во наредните неколку дена.
Последно освежено на Четврток, 12 Јануари 2012 19:30
   

Последни подготовки пред ЕП


Македонската ватерполо репрезентација во периодот пред почетокот на Европското Првентво во ватерполо кое ќе се одржува од 16 до 29 јануари во Ајндховен, Холандија интензивно се подготвува со значаен број подготвителни натпревари и тренинзи.  
 
По успешните подготовки на трунирот во Истанбул Турција, каде во периодот од 06. до 08 јануари нашата репрезентација одигра наптревари со репрезнетациите на домаќинот Турција (победа 11-6), репрезентацијата на Холандија (победа 11-10) и репрезентацијата на Романија (пораз 6-10) деновиве нашите репрезентативци се на подготовки во Белград, Србија, каде во престојните денови пред ЕП се одигруваат тренинг наптревари против екипата на Црвена Звезда.
Последно освежено на Среда, 11 Јануари 2012 18:39
 

Oлимписки оган пред натпреварот Македонија - Хрватска

Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Олимписки Комитет на само неколку месеци пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, ќе го запали „олимпискиот оган“ со цел и желба што повеќе македонски репрезентации да земат учество на престојните олимпски игри.
 
Настанот ќе се одржи на 05.01.2012 година, вечерта пред Бадник, кога и традиционално се палат бадниковите огнови со почеток во 19 часот пред Олимпискиот Базен на само еден час пред почетокот на ватерполо натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Хрватска - дел од FINA светската лига во ватерполо.
Последно освежено на Среда, 11 Јануари 2012 16:52