You are here: Почеток Ватерполо

Новости

Светска лига: Победа над Германија

Со победата над ватерполо репрезентацијата на Германија во последниот дуел од групата „Б“ на Светската Лига во ватерполо, нашата репрезентација го заокружува учеството во ова реномирано натпреварување. Откако резултатот во регуларниот тек заврши нерешено 9:9 (по четвртини 1:4; 3:2; 2:1 и 3:2), во пенал серијата успеавме да ги совладаме Германците со 13:12.
 
Македонската репрезентација настапи со видно изменет состав во однос на претходните натпревари, но очигледно беше дека новиот селектор Поповски одлично ги имаше мотивирано своите избраници. Нашите ватерполисти покажаа храброст и борбена игра што се покажа како пресудно, со оглед дека на две и пол минути до крајот губеа со 9-7, но собраа сили да стигнат до израмнување и да го одведат овој меч во пенал-рулет.  
 
При изведувањето на пеналите маестрален беше македонскиот голман Маринковиќ, кој што одбрани неколку удари на противниците, вклучувајќи го и оној последниот на Улер, па по седмата пенал-серија Македонија можеше да го прослави својот прв триумф во Светката лига.

За нашиот тим ова е убав вовед во почетокот на подготовките за настап на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките Игри, кој ќе се одржи во Едмонтон, а токму селекцијата на Германија ни е еден од конкурентите во борбата за настап во Лондон.  
Последно освежено на Четврток, 22 Март 2012 18:54
 

Прием на универзитетската ватерполо репрезентација кај Премиерот Никола Груевски


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вчера оствари средба со членовите на македонската универзитетска ватерполо репрезентација.

На средбата премиерот Груевски им честита на младите ватерполисти за освојувањето на бронзениот медал на Универзијадата што минатата година се одржа во Кина, што претставува прв медал за Република Македонија во групните спортови.

Премиерот Груевски ги информираше младите ватерполисти дека Владата на Република Македонија континуирано работи на подобрување на спортската инфраструктура во државата преку изградба на спортски сали, фудбалски игралишта и други видови на спортски терени. 

Последно освежено на Четврток, 01 Март 2012 14:17
 

Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата

Пливачката Федерација на Македонија денеска официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април. 

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.

Петте први репрезентации кои обезбедија учество за Едмонтон од европските преставници се репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија кои своето учество го обезбедија

Последно освежено на Понеделник, 20 Февруари 2012 10:39
   

Започнавме и завршивме со победа!

Како што го започнавме, така и го завршуваме Европското првентво во ватерполо во Ајндховен - со победа! Македонската репрезентација денес извојува тешка победа против репрезентацијата Турција со 9-7.

Нашиот тим во преполовен состав, без дваjцата центри Данијел Бениќ кој замина од Холандија заради смртен случај, Саша Мишиќ - кој одсуствува заради заработениот црвен картон во мечот против Романија, Борис Летица и помошник тренерот Сашко Поповски кои исто така одсуствуваат заради заработен црвен картон од наптреварот против Романците.

Последно освежено на Понеделник, 20 Февруари 2012 10:39
 

Македонија повторно против Турција

По вчерашниот пораз во мечот против Романците кој го загубивме со 10 - 12, а кој можеше да ни го отвори патот до седмото место на ова Европско првенство, утре, со почеток во 12 часот Макдеонските репрезентативци ќе се спротистават на репрезентацијата на Турција во борба за 11-тото место на првенството.

Во натпреварот со Романија кој беше тежок и неизвесен во целиот тек, резултатот по четвртини беше: 1-1, 3-4, 3-4, 3-3.

Последно освежено на Понеделник, 20 Февруари 2012 10:40
   

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер