You are here: Почеток Пливање

Новости

Одложен купот "КОЗЈАК" 2012

Купот во далечинско пливање „Козјак 2012“ кој што требаше да се одржи во сабота 1ви септември 2012 година се одложува поради пожарите кои се активни на теренот околу езерото Козјак.  Иако организациски се е подготвено за одржување на настанот, за жал, поради „виша сила“ и од безбедносни причини приморани сме да го одложиме настанот. 

Во моментов најважно е да се изгаснат пожарите и да се санираат штетите предизвикани од нив, а за новиот термин на маратонот дополнително ќе се одлучува во наредните денови доколку временските и безбедносните услови го дозволуваат тоа.


Последно освежено на Петок, 31 Август 2012 12:06
 

Македонски куп во далечинско пливање "КОЗЈАК" 2012 година

Земајќи го в предвид фактот дека живееме во едно сресно време, кога најголемиот дел од времето младите го поминуваат играјќи на компјутер, како и идејата дека младите кои спортуваат се посилни и поздрави отколку оние кои не се вклучени во физички активности, на самиот старт на оваа учебна година, Пливачката Федерација на Македонија (ПФМ), во согласност со својот план и програма, а во коорганизација на ЈПУЗПП ЈАСЕН, ќе организира Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК“ – 2012 година.

Стартот на овој настан е закажан за 01 Септември (сабота) 2012 година, на езеро Козјак, со старт на трката во Близанско - поречие.

Последно освежено на Четврток, 23 Август 2012 18:10
 

Стојчев победник на Охридскиот маратон

Победата не е случајна, таа е плод на макотрпна работа и треба да се каже јасно кој е овде најдобриот. Освоив се што можеше да биде освоено и првите места и некои други награди, а сега го поставив и рекордот на патеката Климе Савин, што ли уште треба? Доста е, изјави Петар Стојчев по пристигнувњето на целта.

Дваесет и шестиот Охридски Маратон, одржан на 19.08.2012, го донесе новиот рекорд на патеката Климе Савин. Со рекордни 5 часа, 19 минути, 30 секунди и 35 стотинки, Петар Стојчев од Бугарија, ги исплива 30 – те километри, а со овој резултат го донесе и новиот рекорд на маратонската охридска патека.

Последно освежено на Четврток, 23 Август 2012 17:51
   

26-ти Меѓународен Охридски маратон

Вкупно 29 натпреварувачи, од кои 18 мажи и 11 жени од пет континенти ќе учествуваат на годинашниот 26-ти Охридски пливачки маратон, што ќе почне в недела во 12 часот и ќе се плива на патеката „Климе Савин“ на Охридското Езеро.

Шестчлената македонска експедиција ќе ја предводи третопласираниот од минатата година Евгениј Поп Ацев. Нему ќе му се придружат и Александар Илиевски, Дејан Младеновски, Александар Панчевски, Миро Крстевски и Александар Тороманоски. Иако беше пријавен, настапот на овогодинешниот маратон поради повреда го откажа второпласираниот од минатата година, Томи Стефаноски. 

Последно освежено на Петок, 17 Август 2012 16:46
 

Нови успеси на Марко Блажевски

Успешен настап на нашиот пливач Марко Блажевски во Монтреал на изборниот натпревар на Канадските пливачи за Олимпијадата во Лондон  (27.03-01.04.2012). Натсапуваат 700 пливачи од Канада и пливачи од повеќе држави од Европа, Мексико и САД. Првите двајца од Канада се здобиваат со право да настапат на Олимпијадата во Лондон за Канада, а странските пливачи имаат право да пливаат само Б финале и да исполнат Олимписки норми. На ова натпреварување Марко настапува под знамето на Република Македонија.

Шрвиот и вториот ден Марко Блажевски настапи на 400м мешано и 200м делфин и два пати ги подобруваше своите времиња во квалификациите и во финалните трки. На 400м мешано во Б финале се пласираше на второто место со време 4.29.07. На 200м делфин во Б финале се пласира на трето место со врме 2.03.00. Во третиот дел постави нов апсолутен рекорд на Македонија на 400м слободно со време  4.03.19. Стариот рекорд беше на Александар Маленко кој стоеше повеќе од 15 годнини. 

Треба да се напомене деке Блажевски е во извонредна форма и неговите резултати се во постојан подем, кои даваат надеж дека Блажевски ќе ја исполни Олимписката норма. 
Последно освежено на Понеделник, 02 Април 2012 17:05
   

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер