You are here: Почеток Пливање

Новости

Подготовки на пливачите пред Олимпијадата

Во месец Јануари нашите истакнати пливачи Симона Маринова и Марко Блажевски кои се и потенцијални кандидати за учество на Олимпијадата во Лондон, беа на 15-дневни  подготовки во Данкер, Франција и во Орландона Флорида заедно со нивните тренери. На подготовките во Франција, Симона Маринова тренираше заедно со најдобрите млади пливачи на Северна Франција во Олимписката база на Француската Пливачка Федерација, а Марко Блажевски своите подготовки ги направи заедно со пливачите од неговиот Колеџ „Wingate“ каде што Марко студира и се подготвува за настапи за својот Колеџ и за Репрезентацијата на Македонија.

Последно освежено на Вторник, 31 Јануари 2012 10:54
 
Sample image

Новогодишен пливачки митинг

На ден 28.12.2011 (Среда) на Олимпискиот базен во Скопје со почеток во 16:00ч ќе се одржи вториот “Новогодишен пливачки митинг” во организација на Пливачката федерација на Р.Македонија. 

Најдобар пливач/пливачка е тој/таа со најмногу освоени први места, а во случај да има натпреварувачи со ист број на победи се зема збирот на освоени бодови по дисиплина.

 

Последно освежено на Среда, 28 Декември 2011 16:36
 
Sample image

Зимско државно првеснтво, април 2010

Викендот на 24 и 25 април 2010 година на базенот “МЛАДОНСТ“- Карпош се одржа Зимско државно првеснтво за сениори, младинци, кадети, постари и помлади пионери во машка и женска конкуренција. На истото учество земаа  303 пливачи од 20 клубови во државата.

Во апсолутна категорија за најдобри пливачи беа прогласени Горазд Чепишевски (Вардар) во машка конкуренција со освоени 18 меделаи (14 златни и 4 сребрени) и Симона Маринова (Младост) со освоени 32 медали (27 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) во женска конкуренција.

Последно освежено на Четврток, 29 Јули 2010 15:22
   

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер